Почетна / МК Сцена / „Hypnotized“ – ново издание на Галоски во соработка со јапонски продуцент

„Hypnotized“ – ново издание на Галоски во соработка со јапонски продуцент

Тој е македонски диџеј и продуцент многу добро познат на домашната музичка сцена и пошироко за кого со години веќе не е потребен вовед. Галоски е синоним за талент, амбиција, дисциплина, посветеност, емоција, а со тоа еден од најуспешните диџеи кои некогаш постоеле во земјава. Човекот кој ја постави Македонија на светската мапа за електронска музика.

Со итнернационални настапи од едниот до другиот крај на светот и музички изданија за најголемите реномирани издавачки куќи во светот, летниот период последниве неколку години се само дневна рутина за него.

Изминатата недела имаше и ново клубско издание насловено како “Hypnotized”, во соработка со jапонскиот Дј и продуцент Yaksa, издадено од Hysteria Records, кое беше премиерно емитувано во радио емисиите на две од најголемите диџејски имиња на сите времиња, глобалните музички ѕвезди Tiësto и Armin van Buuren. Ја достигна и позицијатa број 1 на Trending Tracks на глобалнo ниво на 1001Tracklists.

Изданието доби поддршка и од греми добитникот Afrojack, како и домаќините на славниот Тумороуленд – Dimitri Vegas & Like Mike, Timmy Trumpet, Fedde Le Grand, R3hab и др.

Агендата на Галоски летово е исполнета со настапи ширум земјава, а и најавени настапи низ целиот Балкан. Минатата недела имаше настап во Будва на самиот почеток на летната сезона. Галоски ќе може да го слушаме летово и во Охрид на соло настап на 3ти Август.

Веќе има најавено ново издание за крајот на летото и интернационална турнеја низ Азија и Европа за оваа есен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!