За разлика од Македонија која трета година по ред нема да настапува на Евровизија, RTSH, албанската национална телевизија, го потврди своето учество на Изборот за песна на Евровизија 2025 година. RTSH потврди за ESCToday дека Албанија ќе учествува на Изборот за песна на Евровизија 2025 година во Базел.
Тие потврдија и дека албанскиот учесник за Евровизија 2025 година ќе биде избран преку 63-тото издание на фестивалот Festivali i Këngës. Festivali i Këngës се користи за избор на сите албански учесници на Евровизија од нивното деби во 2004 година. Се очекува гласањето на жирито да го одлучи победникот на фестивалот, додека гласањето на публиката ќе го одлучи албанскиот претставник.
Учесниците на Festivali i Këngës 63 ќе бидат познати на 10 октомври. На овогодинешниот фестивал ќе има дел со наслов „Ноќ на носталгијата“, кој ќе прослави 20 годишното учество на Албанија на Изборот за песна на Евровизија.
Се очекува и оваа година некои наши композитори да учествуваат на овој реномиран фестивал, и поради фактот што повеќе не може да пишуваат песни за Македонија која трета година по ред отсуствува од овој музички спектакл.
Дани | ТВ Пакет