Македонските народни приказни обележаа едно телевизиско време и станаа омилена содржина на многу генерации во 90тите.
Во 2009 година, А1 телевизија направи бум со тоа што ги “воскресна” овие содржини, снимајки нови приказни, дотогаш нераскажани, воглавно од 20 век, со нова глумечка екипа на локации во село Бањани и Чучер.
По успехот на А1, следуваше интензивно снимање на овие продукции и од другите телевизии. Па така, Сител Телевизија снима новосоздадени приказни во режија на Драган Велјановски во период од 2010 до 2013 година, а потоа од 2014 се во режија на Владо Дојчиновски.
Следува Канал 5 со снимање на приказни во период од 2012 до 2017 година, а во 2020 година почнаа да се снимаат приказни во режија и сценарио на Максим Илковски, извршен продуцент Јани Бојаџи и за Алфа телевизија.
Сепак веќе неколку години не се снимаат нови народни приказни, но затоа пак секојдневно се репризираат веќе снимените.
Од понеделник до петок на Канал 5 се емитуваат репризи во 11.20 часот по претпладневните вести, како и во сабота рано наутро од 7 часот и недела од 9 часот.
Слична ситуација на Алфа. За викенди се емитуваат од рано наутро, додека пак од понеделник до петок во 16.30 часот. На Сител се емитуваат сабота наутро, а на МРТ 1 секој ден во 6.20 часот.
И додека ние репризираме македонски народни приказни, хиперпродукцијата на бугарските телевизии создава домашни верзии на Big brother, Bachelor, Dancing with the stars, I got talent, The Voice, Name that tune, Desafio, MasterChef, …
Хрватите пак растураат со The price is right, Come dine with me, The biggest looser, Family feud, MasterChef, The chase, Who wants to be a millionere, Chase,…
Србите со The weakest link, Survivor, MasterChef, Косово со Big brother, a Албанија пак снима свои верзии на X Factor, Got talent, Love island и Big brother.
Дани | ТВ Пакет