Донесен е нов буџет од страна на естонската телевизија ERR со кој се потврдува дека Естонија нема да се натпреварува на Јуниорската Евровизија 2025 година. ERR објави на својата веб-страница дека морале да ги намалат оперативните трошоци за два милиони евра во нивниот буџет за 2025 година, поради намалувањето на финансиската поддршка од естонската влада.
Како резултат на тоа, ERR рече дека „ќе се намали уделот на забавна содржина на каналите ERR“. Поради ова, радиодифузерот одлучи да се повлече од Детската Евровизија 2025 за да ги намали трошоците. Потребата да се најдат кратења во новиот буџет на ERR, исто така, значеше дека нивното национално финале за Евровизија, Eesti Laul, е сведено на едно финале во живо со отстранување на полуфиналната рунда на шоуто. Новиот буџет беше договорен од ERR на состанокот на Советот за јавна радиодифузија на Естонија на 10 декември. Како резултат на тоа, буџетскиот план е финализиран, со што се потврдува дека Естонија ќе се повлече од Јуниорска Евровизија следната година.
Данска исто така потврди дека не се враќа на јуниорската Евровизија. За разлика од нив Македонија најави учество на Јуниорската Евровизија 2025, според нивниот буџет, но трета година не учествува на главната Евровизија која многукратно повеќе има гледачи и трипати повеќе земји учеснички отколку на Јуниорската Евровизија.
Дани | ТВ Пакет