Почетна / Забава / Евровизија / И покрај неучеството на Македонија, на Евровизија сепак ќе одат Македонци

И покрај неучеството на Македонија, на Евровизија сепак ќе одат Македонци

Поради тоа што МРТ втора година по ред се откажа од учество на најголемиот светски музички фестивал  – Евровизија, македонските автори својата среќа ја побараа во другите земји. Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Роберт Билбилов се македонските композитори кои учествуваа на неколку национални избори како што се оние во Албанија, Хрватска и Србија.

Но, конечно може да откриеме и дека двајца македонски автори ќе имаат своја песна на Евровизија во Малме, Шведска. Јавниот сервис на Грузија GPB објави дека нивната претставничка Nutsa Buzaladze ќе ја пее песната Fire fighter, авторско дело на нашите композитори Дарко Димитров и Ада Скитка.

Од 300 пристигнати песни во Грузија, токму песната на нашите композитори е избрана за Евровизија. За песната се знае дека нема да биде балада, исто така на изведбата работи со италијанскиот кореограф Луиџи Алока, заедно со четворица танчери. Одговорен за уметничкиот настап во Малме ќе биде американецот Сагив Карпел кој претходно има работено осум години на Америка има талент и моментално работи на Американски идол.

Иако МРТ истакна дека нема заинтересираност кај нашите композитори да испратат песна, со ова се докажува дека интересот на нашите автори е и те како голем, но МРТ им ја ускрати можноста две години по ред да направат песни за нашата земја. Поради оваа одлука ни останува да навиваме за нашите автори или некоја друга земја на престојната Евровизија. И секако… да се надеваме дека нашата земја догодина ќе ја видиме во големото европско семејство на големата евровизиска сцена.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

error: Содржината е заштитена!