Историска драма која привлече големо внимание и достигна енормна гледаност во Грција за време на нејзиното прикажување. Серија чие дејство се одвива во 1958-мата година, време кое е од голема сентиментална важност за грчкиот народ, време по Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција.
Освен историските обележја од тој период, серијата ни претставува и одредени традиционални особености и фолклор карактеристични за тие декади во Грција.
Одличната продукција, интригантните заплети, селскиот амбиент во кој се снимаше, актерите дотогаш непознати за грчката телевизиска публика и големото искуство на целиот продукциски тим беа пресудни да секоја епизода од оваа новела ја следат околу 2 милиони Грци секоја вечер.
На Сител телевизија имаме можност да ја следиме секоја сабота по “Ѕвездите на Гранд”, а освен кај нас, серијата веќе започна со емитување и во другите земји од регионот. Па така, на кабловската Уна телевизија која ги покрива Србија, Црна Гора и БиХ, се емитува секој работен ден во 14 часот.
Дани | ТВ Пакет