IDJ Show е српско музичко талент шоу кое од 8 октомври ќе го гледаме и на Алфа телевизија. Претставува прво регионално шоу фокусирано на дигиталните медиуми, каде се вложуваат милиони во развој на кариерата на 12 нови музички ѕвезди.
Учесниците во ова шоу развиваат и своја дигитална платформа, а со самото тоа добиваат можност од микро инфлуенсери да постанат големи ѕвезди на јавната музичка и инфлуенсерска сцена.
Жирито го сочинуваат Реља Поповиќ, Наташа Беквалац и Дарко Димитров.
Целта на првите епизоди од овој натпревар е да се изберат 24 натпреварувачи со помош на IDJ тренетите кои ќе имаат можност да настапат заедно на големата сцена. Од над 1.500 пријавени кандидати на аудициите, само 12 од нив ќе добијат шанса да станат ѕвезди.
По аудициите и првата студиска епизода, започнува натпреварувачкиот дел, односно епизоди од по 90 минути, со 12 фаворити. По секоја епизода и изведба, учесниците ќе добиваат поени од тренерите, но и од публиката со нивните кликови, лајкови, споделувања и прегледи.
Популарноста на социјалните мрежи е она што ќе ги држи натпреварувачите во или надвор од играта. Кандидатите ги добиваат и своите профили на тековните социјални мрежи со нула следбеници и го избираат својот прекар @idj со кој ќе ја започнат својата кариера.
Секоја недела во 23.30 часот на Алфа, шоу за нови регионални ѕвезди.
Дани | TВ Пакет