Почетна / Серии / Има ли стоп за репризите на МТМ – повторно „Свет без крај“

Има ли стоп за репризите на МТМ – повторно „Свет без крај“

Од недела (25 мај 2021) во 20.30 часот, прва скопска МТМ телевизијаја репризира историската мини серија “Свет без крај”, веќе емитувана на Телма телевизија, а потоа и на МТМ неколку пати.

Oваа средновековна драма “Свет без крај” е канадско-британска продукција, снимена по истоимената книга на Кен Фолет, авторот и на “Столбовите на земјата”. Снимана е во Унгарија, Австрија и Словачка, а во главните улоги настапуваат Синтија Никсон, Миранда Ричардсон, Питер Фирт, Бен Чаплин, Шарлот Рилеј, Руперт Еванс и многу други.

14 век, Англија, време на природни катастрофи, војни и болести, време за превласт и време кога се јавува смртоносната чума. Дејството на серијата е сместено 150 години понапред од она во Столбовите и претставува хроника на случувањата во едно англиско измислено гратче, Кингсбриџ кое станува мета на борба за власт во текот на стогодишната војна со Франција.

Како би го спасиле градот, младата визионерка Керис, нејзиниот љубовник Мертин и сер Томас ќе соберат луѓе кои ќе треба да се спротистават на Црквата и Кралството. Нивната храброст ќе ја инспирира цела Европа, па во сите градови и села, луѓето ќе започнат масовни буни за своите права и борба против самоволието на свештениците и владарите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!