ИНРЕКОМ објавува ново истражување кое покажува што се променило во понудата на мобилните оператори, но и кои се очекувањата и мислењата на корисниците. Токму за оваа цел, Институтот за развој на електронски комуникации во периодот од 13 до 28 февруари спроведе истражување на јавното мислење преку електронска анкета на тема поврзана со мобилната телефонија, а во истата беа опфатени 650 испитаници.
Анкетата покажа интересни тенденции во навиките на корисниците, но и нивните идни аспирации кога се во прашање очекувањата и можноста за продолжување претплата кај одреден оператор. Анкетата покажа дека најголем број од анкетираните користат пост-пејд претплата и се корисници на Македонски Телеком и А1 Македонија.
Според корисниците, најдобар сооднос на цената и услугата ја има А1, а потоа и Телекабел. Најголем број од анкетираните, за квалитетот и за цените дадоа оценка 4. Исто така, анкетираните не знаат дали роаминг услугата е добра, но тие што имаат некакво искуство, најчесто им е негативно. Освен проблеми со роамингот, корисниците имале проблеми и со недостапност на мрежата, нејасност на сигналот или наплата на услуга што не ја користеле.
Дополнително, ИНРЕКОМ изврши и проверка на состојбата на пазарот на мобилни услуги, една година по објавувањето на првата компаративна анализа на цените и понудите на операторите.
Од споредбата на пакетите што операторите ги нудат денес и тоа што го нуделе пред една година, очигледен е трендот на зголемување во количината на месечен мобилен интернет. Тоа јасно се гледа во понудите на Македонски Телеком и А1 Македонија. За поздрав е и воведувањето на услугата „VoLTE“ кај двата мрежни оператори, како и за воведувањето на 4G брзини кај Лајкамобајл“. Но останува како забелешка за Телекабел немањето можност за мобилно плаќање во автобусите на градскиот превоз во Скопје.
Интересна тенденција е што двата најголеми играчи, мрежните оператори Телеком и А1, нудат одредени попусти при спојување на мобилните линии со фиксните услуги. Нешто, што виртуелните оператори не се во можност да го понудат, но затоа нудат услуги без обврзувачки договори.
За целосната анализа, може да се информирате на официјалната страна на Инреком, на следниов линк, каде може и да ја погледнете анализата на стручниот тим :
Дани | ТВ Пакет