петок, 13 јануари 2023, Телма телевизија, 22.10 часот – “Наследство”
Во 2008 година, ненадејно почина Арчер Монро (Патрик Варбертон), патријарх на богато и влијателно њујоршко семејство.
Неговиот имот ќе биде поделен меѓу членовите на семејството: Кетрин (Кони Нилсен), неговата сопруга; Вилијам (Чејс Крафорд), неговиот син, политичар кој се кандидира за втор мандат; и Лорен (Лили Колинс), неговата ќерка, окружен обвинител на Менхетен. Семејниот адвокат Харолд Тјулис (Мајкл Бич) тајно ѝ покажува на Лорен постхумна видео порака од нејзиниот татко што ја оставил за неа.
Лорен е упатена од нејзиниот татко во таен подземен бункер на семејниот имот. Таму таа затекнува затвореник (Сајмон Пег), кој себеси се нарекува Морган Ворнер и вели дека е затворен 30 години…
Дани | ТВ Пакет