Институтот за развој на електронски комуникации, во очи на изборната кампања и предвремените избори за избор на пратеници во Македонското Собрание, спроведе анкета помеѓу гласачите и ги спореди изборните програми на двете најголеми македонски партии: владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Споредбата е во делот на програмската понуда и визија за дигитализација, политики во областа на електронските комуникации, како и политики во сферата на реформи на медиумите.
Изборната програма на СДСМ и коалицијата го носи насловот „Можеме“ и е на 268 страници. Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го носи насловот „Проект Обнова на Македонија“ и е на 340 страници. Во оваа анализа се опфатени само деловите кои се однесуваат на медиумите и развојот на електронските комуникации, како и на дигитализацијата која доведува до дигитална трансформација на општеството.
ИНРЕКОМ нема да ги коментира поединечно проектите, а истите ќе бидат обележани со фуснота за нивната локација во партиските изборни програми, со цел да ги упати читателите на подетално запознавање со проектите.
Дополнително, Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ во периодот од 30.6 до 05.07, за сопствени потреби, спроведе онлајн истражување на јавното мислење – преку електронска анкета на платформата „Гугл Формс“.
Нарачател и извршител на анкетата е Институтот ИНРЕКОМ, со максимален ангажман во поглед на спречување на злоупотреби и двојно гласање преку заштитните механизми кои ги нуди самата платформа развиена од Гугл.
Анкетата е направена на примерок од 952 испитаници кои учествуваа во истражувањето кое понуди соодветно запознавање со програмската понуда на сите партии кои настапуваат на предвремените парламентарни избори закажани на 15-јули годинава. Испитаниците даваа одговори на шест однапред утврдени прашања.
За повеќе, посетете ја официјалната страна на ИНРЕКОМ :
ИЗБОРИ 2020: Партиска визија за дигитална Mакедонија, чија понуда ќе победи?
Дани | ТВ Пакет