Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје спроведе анализа на состојбата во поглед на регулаторните тела за медиуми, електронски комуникации и поштенски услуги во Република Македонија, Балканот и во рамките на Европската Унија. Дополнително, во рамки на анализата беше спроведено и истражување на јавното мислење на граѓаните во однос на работата на сегашните регулаторни агенции во Македонија и нивната потреба од реформа.
Целта на истражувањето беше да се посочат позитивните примери за спојување на повеќето регулаторни тела од областа на радиодифузијата, медиумите, електронски комуникации и поштенските услуги во Европските земји, како и да се дадат конкретни предлози за формирање на нова регулаторна Агенција за комуникациски услуги во Македонија.
Со ова истражување, ИНРЕКОМ дава предлози како да се надминат одредени недостатоци но и доближување до исполнувањето на условите за членство во Европската Унија, преку длабинска реформа поврзана со Поглавјето 10 кое се однесува на Медиумите и информатичкото општество, односно според новата методологија за преговори – кластерот 3: Конкуренција и инклузивен раст.
Во истражувањето беа опфатени примери од 20 земји во регионот и ЕУ, како и извештаи за тековните работења на домашните агенции: Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за пошти, како и Македонската Академска Истражувачка Мрежа.
Дополнително, во периодот од 20 до 28 август 2021 година беше спроведено истражување на јавното мнение на репрезентативен примерок од 1.002 испитаника преку web алатка, запазувајќи ги квотите по региони, возраст и етничката припадност.
На овој линк може да ја прочитате комплетната анализа.
Дани | ТВ Пакет