Почетна / Живот / ИНРЕКОМ со коментар за дописот од МИОА до кабловските оператори
Television streaming video concept. Media TV video on demand technology. Video service with internet streaming multimedia shows, series. Digital collage wall of screen abstract composition

ИНРЕКОМ со коментар за дописот од МИОА до кабловските оператори

Институтот за развој на електронски комуникации Институтот за развој на електронски комуникации објави краток коментар на дописот од страна на МИОА до операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, во кое се бара да се исклучат регионални канали. ИНРЕКОМ најостро го осудува овој чин, посебно осврнувајќи се на последниот дел каде што се вели дека доколку ситуацијата не биде променета, Владата ќе донесе уредба за сликата да биде променета.

Во продолжение, ви пренесуваме дел од реакцијата на ИНРЕКОМ, а целата статија, може да ја погледнете на официјалната страна на Институтот.

 – “Недозволиво е во ек на пандемија и препораки од домашните власти и светските организации да се остане дома, Министерот за информатичко општество да бара операторите да ги исклучат каналите што ги нудат бесплатно на своите корисници, нешто што е првенствено направено за добробит на граѓаните кои остануваат дома за време на изолацијата наметната од корона-вирусот.

Иронично, иако Министерството на почетокот од дописот ги поздравува добрите намери на операторите со кои им помагаат на граѓаните да останат дома, на крајот упатува индиректна закана до операторите во која се вели дека доколку ситуацијата остане иста односно не се исклучат каналите, Владата ќе донесе уредба (со законска сила н.з.) со цел да се промени праксата или во превод ќе ги примора операторите да ги исклучат каналите.

Скандалозните законски измени на Законот за АВМУ, донесени пред самораспуштање на Собранието, ги предизвикаа сите оператори да упатат протест преку најава за исклучување на сите канали освен МРТ, по што следуваа преговори со Владата. За штетните одредби од овој Закон и далекусежните последици од истиот, ИНРЕКОМ предупреди пред самораспуштање на македонското Собрание ги повика народните избраници да не ги донесуваат законските измени со кои се воведоа правила кои не беа применливи во пракса. Повеќе за коментарот, на следниот

Од дописот на МИОА, се наметнува прашањето, дали Владата злоупотребувајќи ја вонредната состојба која им дава надлежност за донесување на одлуки со Законска сила, сега покажува мускули кон операторите кои претходно легитимно протестно се заканија со исклучување на сите канали? Дали Владата свесно или несвесно работи на штета на граѓаните како крајни корисници кои треба да останат дома во време кога царува пандемијата на КоВид-19?! “

За повеќе, прочитајте тука :

КОМЕНТАР: МИОА наложува операторите да воведат медиумски мрак во ек на пандемија

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!