Почетна / Телевизија / ИНРЕКОМ со коментар за извештајот на ЕК во однос на медиумите

ИНРЕКОМ со коментар за извештајот на ЕК во однос на медиумите

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ и оваа година го следи и анализира европскиот извештај во поглед на поглавјето 10 за дигиталната трансформација (порано познато како информатичко општество) и медиумите, како и во делот на слободата на изразување во делот на фундаменталните права и слободи.
Годинешната оценка за подготвеноста останува 3 – умерено напреднато, но затоа Македонија доби двојка ограничен напредок во целокупното поглавје, со што е испратена сериозна порака до Владата и Собранието во поглед на дигитализација на државата и реформи во медиумскиот етер.

Кога станува збор за делот со: медиумите, новинарите и слободата на говор, Македонија и во однос на подготвеноста овие прашања е оценета се движи помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка, но со преодна оценка – огранично кон напредокот.

ИНРЕКОМ смета дека заклучоците на овогодинешниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија се досега најкритички изминативе години. Старите нереализирани препораки остануваат, но се наведени и нови, со што се забележува застој во евроинтегративниот процес и меѓу редови може да се прочита дека истите се доста остри.

Сумирано, од целокупниот извештај, македонската Влада и македонското Собрание немаат предложено и усвоено низа европски правила со кои ќе се забрза патот кон членство во европското семејство. Дополнително, особено е критикувана Владата бидејќи нема вложено напори кон поголема дигитализација на институциите и нивна поврзаност, но и поголеми реформи во медиумската сфера. Ако во минатото имало формално, а немало суштинско усогласување, овој Извештај може да се каже дека директно укажува на немање на ниту формално донесување на акти, а ниту пак суштинска реформа во пракса.

Целиот коментар за Извештајот може да го прочитате ТУКА

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!