На патот кон полноправно членство во Европската унија, дигитализацијата на државата е особено значајно, но и за подобрување на животот на самите граѓаните во Македонија. Дигиталната трансформација влијание директно врз граѓаните за пристап до јавната администрација, со што особено е важно што се ветува во изборните програми на политичките партии.
Поради тоа, Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје ги анализираше програмите на политичките партии кои досега ги објавиле програмите, со цел да им го доближи на граѓаните тоа што го ветуваат на изборите. Политичкото движење ЗНАМ – За наша Македонија како едно од шестте политички партии што се јавуваат на анкетите, нема објавено изборна програма со детални проекти во делот за дигитализацијата и информатичкото општество.
Исто така, ИНРЕКОМ во очи изборната кампања за изборите на пратеници во Македонското Собрание спроведе истражување на јавното мислење за перцепциите и ставовите на македонските гласачи во полето на дигиталната трансформација.
Анкетата беше спроведена на репрезентативен примерок од 1.039 испитаници по случаен избор преку комбиниран CATI и CAWI метод, во периодот од 08.04. до 21.04.2024, со маргина на грешка од +/- 3.5% и ниво на доверба од 90%. Примерокот е репрезентативен според демографските карактеристики: пол, возраст, етничка припадност, работен статус, образование, регион и населено место (општина, урбано/рурално), според официјалните статистички податоци од пописот на резидентното население во Република Македонија од 2021 од Државниот завод за статистика. Прашалникот беше полуструктириран, со контрола на валидноста на прашалникот кај 20% од испитаниците/прашалниците и контрола на конзистентноста и логичка контрола на одговорите.
Целта на ова испитување е да се воочат перцепциите на граѓаните односно гласачите во однос на важноста за дигитализација на македонското општество. Собраните податоци и анализата се со цел да ги насочи политичките партии во приоритетите кон дигитализацијата.
Повеќе на следниов ЛИНК.
Дани | ТВ Пакет