Битолската музичката група „Инструментал Бенд“ ги објави првите видеоматеријали од новиот проект насловен како „Времеплов“.
Бацила је све низ ријеку од „Индекси“, легендарната Као какао од „Леб и сол“, Моја прва љубав од Хаустор, Боље да сам друге љубио на Кербер, Заставе од Парни ваљак, Ти си сав мој бол од ЕКВ и Ако можеш заборави од Бијело дугме, се песните кои се најдоа на првиот дел од музичкиот проект „Времеплов“.
Музичкиот состав „Инструментал Бенд“ го сочинуваат: Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло гитара и Михајло Манојловски – бас гитара.
Пратечките вокали на проектот ги пее Рената Нечковска, а сите видеозаписи се дело на Куба Видео.
Во продолжение погледнете ги првите две видеа од новиот проект со кој се дава нова свежина и атрактивност на подзаборавените хитови од регионот.
https://youtube.com/watch?v=RVU9riDe5C0