Почетна / Живот / Интерактивни сликовници за развој на моториката кај децата

Интерактивни сликовници за развој на моториката кај децата

Нови интерактивни сликовници од серијалот „За вешти прстиња“ од Бенџи Дејвис, со механизми за развој на моториката кај децата. Прозорчиња што излегуваат со помош на тркалца и други елементи што се извлекуваат и вовлекуваат и се вистинска забава за целото семејство. Книгата има и едноставен римуван текст со впечатливи, прекрасни цртежи.

„Медо Чедо гаси пожар“ и „Медо Чедо помага за Божик“ се исклучително популарни книги во светот. Еден од најпродаваните серијали, во кои најмногу ќе се пронајдат малечките од 1 до 3 години, но се разбира ги охрабруваме и помалите дечиња да почнат да си играат со оваа одлична сликовница и да ја развијат моториката.

И не, нема брзо да се оштети, бидејќи се изработени од високо квалитетен цврст картон со повеќе слоеви и дебелина на страниците од 4 милиметри. Има 10 вакви страници со вградени подвижни механизми и страниците се со големина 18 х 18 сантиметри.

Во секоја сликовница од серијалот, Медо Чедо има некаква задача. Во едната тој е пожарникар и ние заедно со него ќе добиеме итен повик, а низ пожарникарската шипка, ќе го спуштиме на приземјето, ќе облече пожарникарско одело и заедно со екипата ќе го збрмчат моторот на пожарникарското возило и ќе тргнат од пожарната. Ќе се возиме низ целиот град и на крајот Медо Чедо ќе биде херој на денот.

Во другата сликовница, Медо Чедо ќе се подготвува за Божик и ќе му помага на Дедо Мраз. Ќе ја полни санката со подароци, ќе носи подароци и ќе летаат заедно за подароците навреме да пристигнат кај сите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс директорката на Филхармонија ја доби на суд екс министерката за култура

Во продолжение целосниот допис на Тина Иванова до медиумите : „VICTORIA IUSTITIAE“, или во превод: …

error: Содржината е заштитена!