Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Интернетот како алатка за развој на бизнисите е тема во „Профит“
петок, 2 декември, Наша ТВ, 20.30 часот

Интернетот како алатка за развој на бизнисите е тема во „Профит“

Интернет и телекомуникациски сервис за развој на бизнисите е тема во петочната нова емисија на познатата анализа “Профит” на Наша ТВ.

Како никогаш досега, сите компании од приватниот бизнис сектор ја имат потребата од глобално поврзување. Можноста да ги понудат своите производи и услуги ширум светот преку интернетот, е од особено значење и една од клучните бизнис алатки на делување во современиот свет. Тоа што денес во 21 век е потребно, е многу повеќе од само обична интернет конекција, денес на компаниите географски лоцирани во Скопје и Македонија им е потребна најкратка дестинација и загарантирано поврзување кон Брисел, Лондон, Њујорк, Пекинг…

Интернетот денес е круцијален сервис за развој на бизнис секторот. Затоа, треба да се зборува согласно модерните потреби, важни за развој на компаниите, кои го олеснуваат и подобруваат нивното функционирање.
На оваа тема во емисијата, ставови и факти од соговорниците:
– Андреј Боштјанчич – директор и сопственик на „Софтнет“
– Станко Ѓуран – регионална продажба во „Софтнет“
– Богдан Божовиќ – IP телефонија и VOIP во „Софтнет“
– Мирјана Супуровиќ – раководител на продажба за Кина и Хонг Конг во „Софтнет“
– Благоја Мандаров – регионална продажба во „Софтнет“

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!