Почетна / Сапуници / Интервју со прељубникот Мурат од мега хитот „Добрина“

Интервју со прељубникот Мурат од мега хитот „Добрина“

Исмаил Демирчи привлекува големо внимание со својот лик во серијата „Добрина“ на Сител, каде толкува лукав измамник кој ја изневерува сопругата.

Демирчи е роден на 13 ноември 1984 година во Анкара. Неговото семејство емигрирало од Бугарија и е со турско потекло. Дипломирал глума на Универзитетот Анадолу. Тој е во брак со актерката Ханде Сорал од 2017 година. На телевизија дебитирал во 2010 година со улога во серијата „Туркан“, а кариерата ја продолжи со појавување во бројни серии. ТВ Пакет стапи во контакт со актерот и успеа да постави неколку прашања.

Како глумата стана дел од Вашиот живот, како ја засакавте?

– Завршив студирање компјутерско програмирање на Универзитетот во Газа. Се најдов во ситуација да работам во интернет кафе, дури и да го бришам мониторот. Се занимавав со работа која не ми се допаѓа за да го задоволам семејството. Целата приказна со глумењето почна со една слатка лага дека се подготвувам за конзерваториум, а и ја кажав на тетка ми, која ми се налути бидејќи цел ден седев на компјутер. На крајот навистина почнав да се подготвувам за конзерваториумот. Во првиот обид успеав да влезам во Државниот конзерваториум на Универзитетот Анадолу во Ескишехир. Јас всушност се трудам искрено да го работам моето хоби како работа.

Како актер направивте добар пробив. Дали се согласувате?

– Продуцентите многу добро знаат што можам, а што не можам да глумам. Затоа сум опуштен, но и под стрес во исто време. Затоа што не играм и не прифаќам ликови кои ми се слични.  Благодарен сум на моите менаџери Неслихан Узер и Јапрак Бајрактар. Тие ми даваат голема материјална и духовна поддршка во вакви периоди. Тие се одлични луѓе и навистина многу поразлични од перцепцијата на „волк менаџери“ која доминира на пазарот. Во однос на животната филозофија, верувам дека се е како што треба и дека доаѓа од Бога. Што и да дојде, Тој знае што е правилно, јас сум во Негови раце. Заблагодарете му се.

Сега кажете ни нешто за себе. Кој е Исмаил?

– Тоа е многу тешко прашање и мислам дека мажот не треба да зборува за себе. Да ги познаваш луѓето значи да ги набљудуваш. На пример, по искреноста во неговите очи препознавам просјак на кој ќе му дадам пари. Искреноста се провлекува низ очите, можете да ја видите. Исклучив многу нечесни луѓе од мојот живот. И не ми се допаѓа вештачкото секојдневие на актерите.

На што сте љубоморен?

Ако девојката со која сум во врска е блиска со друг маж како што е таа со мене, јас би бил многу љубоморен.

Дали сакате секогаш да бидете во очите на јавноста?

Ми се допаѓа да ме сакаат, се разбира, не можам да лажам. Никогаш не одбивам некој што сака автограм или фотографија затоа што заработуваме пари и постоиме поради овие луѓе. Но, има и такви кои се фрлаат на мојата маса додека седам со другарка која не сум ја видел со години, а јас не го сакам тоа. Ако успееме да постигнеме рамнотежа, секој може да живее во љубов.

“Добрина” постигнува неверојатно големи рејтинзи на гледаност во Македонија. Во серијата сте Мурат, навидум добар сопруг, успешен бизнисмен и одличен татко. Тој е економски зависен од семејниот бизнис на неговата сопруга Неслихан, а сè се менува кога ќе започне афера со опасната Дамла. Што ги очекува гледачите на Сител кои со нетрпение ја следат секоја следна епизода? Како ќе заврши “Добрина”?

– Интриги до последниот миг. Возбуда до големото финале. Толку можам да кажам. Останато го оставам на публиката. Нека ги проследи последните епизоди кои се емитуваат во Македонија и нека ужива во мега хитот “Добрина”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!