Искра, доктор на комуниколошки науки, од сега е главна уредничка на информативната програма на телевизија Алфа. Новинарката досега ја знаеме како водител на отвореното студио на Алфа, а претходно искуство има и во А1 телевизија и во Дненвик.
– Од денеска мојата улога е одговорноста за вестите на Алфа телевизија. Главна да, но и најодговорни улога. Алфа има тим на луѓе кои вредат колку повеќе медиуми во едно, фантастични, професионални новинари! Сигурна сум ќе функционираме како тим – семејство кое ќе руши рекорди на гледаност! Алфа, тоа сме ние!, напиша Коровешовска на својот Фејсбук профил.
Заменик на Коровешовска во редакцијата на Алфа ТВ е именуван Драган Милосављевиќ, а од пред еден месец нов директор на Алфа на местото на познатиот новинар Васко Ефтов стана Јани Бојаџи, режисер и телевизиски продуцент во повеќе филмски проекти и медиуми.
Дани | ТВ Пакет