Почетна / Филм / Историскиот трилер „Земја од соништата“ предпразнично на Телма

Историскиот трилер „Земја од соништата“ предпразнично на Телма

Во 1930-тите Тексас за време на депресијата, Јуџин Еванс живее со својата мајка и сестра на семејната фарма која е на работ на затворање. Еден ден ќе влезе во шталата и ќе ја најде како се крие озлогласената ограбувачка на банки, разбојничката Алисон Велс.

Таа е повредена, а нему веднаш му паѓа на памет идејата да ја предаде и да ја заме наградата за нејзината глава и така да ја спаси семејната фарма. Сепак, тој открива дека таа е многу повеќе од она што властите тврдат дека е и кога ќе побара помош од него, тој ќе ја ислуша нејзината приказна и ќе сфати дека мора да и помогне, без разлика што велат властите.

Јуџин ќе се заљуби во убавата одметничка и со автомобилот на неговиот очув ќе тргне во бегство заедно со неа, со цел да стигнат до Мексико каде можеби живее и вистинскиот татко на Јуџин.

За да обезбедат пари за пат, ќе се обидат да ограбат банка, но работите ќе тргнат на полошо, ќе се случи уште едно убиство, а потерата ќе им биде зад петици.

Недела, 22 декември, 2024 година, Телма телевизија, 22.15 часот – “Dreamland”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела ексклузивно на МРТ 1 – доделување на Оскари 2025

Ексклузивно на МТВ , 97-ми ОСКАРИ! Недела по полноќ, во 00.30 започнува преносот од Црвената …

error: Содржината е заштитена!