Приказната се одвива на крајот на 1960-тите, на почетокот на медицинските техники поврзани со трансплантација на срце и создавање на вештачко срце во одделите за кардиохирургија на болницата “Ле Молинет” во Торино.
Чезаре Корвара, шефот на одделението, формира тим кој ќе може да ја направи првата трансплантација на срце во светот. Конкуренцијата е многу голема, и тоа од многу поголеми болници.
Водечка улога во тимот, покрај Чезаре ќе има талентираниот кардиохирург Алберто Ферарис, кого за оваа прилика го повикува од Стокхолм и кардиологот Делија Брунело, која стажирала во Хјустон, позната дека развила посебна аудио-техника за дијагностика на срцевите слабости. Општеството, а особено црквата, сè уште не е подготвено за ваква интервенција во „божјата волја“, а уште помалку да прифати жена-доктор.
Тоа што Чезаре не го знае, е дека Алберто и Делија биле љубовници во младоста и дека ја раскинале веридбата во последен момент. Делија сега е сопруга на Чезаре, и иако повредена од постапките Алберто во минатото, сè уште не е рамнодушна кон него.
Соништа, амбиции, љубов и омраза во во одделот за кардиохирургија во болницата “Ле Молинет” во Торино ќе следите од среда (5 октомври) од 20.15 часот на Телма.
Улогите ги толкуваат Даниеле Печи, Матео Мартари, Пилар Фољати, Андреа Герпели, Марко Бонини, Кармине Бушини, Бенедета Чимати
Дани | ТВ Пакет