Секоја сабота и недела на Сител околу 11.15 часот претпладне ќе се емитува италијанската романтична серија “Страв од љубовта”, снимена во Италија, Белград и Црна Гора во вкупно 24 продолженија.
Стефано Лои е славниот претседател на “Лоифарм”, фармацевтската империја што ја наследил од својот татко. Навикнат да живее во луксуз, со сопругата Ема и двете прекрасни деца, животот на Стефано изгледа совршен.
Но, една ноќ, Ема умира во трагична сообраќајна несреќа, оставајќи голема празнина во неговото семејство. Не наоѓајќи начин да ја надмине болката по загубата на сопругата, Стефано се повлекува во себе, а неговиот однос со децата Карлота и Томи се влошува во следните месеци. Тој едноставно станува ладен и повлечен без желба за живот, а особено со голем страв повторно да сака.
Животот на семејството Лои се менува кога Азиа, убава студентка по медицина, влегува во нивното семејство.
Децата добиваат љубов од неа и ја препознаваат искрената емоција што татко им не можел да ја искаже, па така Азиа ги надминува болните ситуации, останува во вилата, а работите во семејството Лои почнуваат да се подобруваат.
Дани | ТВ Пакет