По летната пауза, ТВ 24 продолжува со прикажување на третата сезона од италијанската сапуница “Женски рај”. Од понеделник до петок по централните вести, следуваат нови епизоди во 20 часот и 45 минути.
За кратко потсетување, во новата сезона овојпат дејството беше префрлено во 1959 година. Две години по смртта на Пјетро Мори, Виторио Конти, неговиот најдобар пријател, страстно посака да го отвори повторно “Женскиот рај”, затворен уште во ноќта на атентатот.
За да го заврши неговиот проект, сепак, му требаше заем и тоа го доведе во сојуз со Гуариери, богато семејство на Миланеја, чија великодушност всушност имаше и задни намери. Гуаниери всушност поставија низа пречки на Виторио, кој, сепак, најде неочекувана помош во Марта, помладата ќерка на Умберто Гуаниери.
Во новите епизоди од италијанската драма следуваат нови романтични моменти меѓу овие протагонисти, но и многу омраза, завери и местенки кои имаат цел превземање на големата стоковна куќа “Женски рај”.
Дани | ТВ Пакет