Почетна / Серии / Италијанскиот политички крими серијал „1992“, „1993“ и „1994“ на Телма
Политичка трилер трилогија која ја споредија со култните "House of cards", "The Sopranos" и The west wing"

Италијанскиот политички крими серијал „1992“, „1993“ и „1994“ на Телма

Раните 1990-ти беа експлозивен период во италијанската политичка историја, особено за истрагата „Чисти раце“ (Mani Pulite) што доведе до колапс на Првата република – првата повоена влада на Италија. Во срцето на приказната се шест лица фатени во виорот на бурата, која започна со апсењето на левичарскиот политичар Марио Киеза.

Додека Италија се бореше да стави крај на големата политичка корупција, илјадници поединци од полицијата, мафијата, јавниот сервис и политиката се најдоа под микроскоп – некои дури извршија самоубиство.

Првите 10 епизоди од „1992“ ги раскажуваат политичките промени што ја погодија Италија по истрагата за „Мани Пулите“ што ја спроведе судијата (сега политичар) Антонио ди Пјетро. И покрај вистинската историска позадина, главните ликови од серијата се сите измислени, како и нивните приказни; сепак, авантурите на протагонистите можат да ја прикажат социјалната и политичката сцена од тие години.

Главните актери Миријам Леоне, Гвидо Каприно и Теа Фалко потекнуваат од Сицилија и глумат со северно-италијански акцент. Серијата “1992” ќе се емитува од понеделник до петок во 20.20 часот ексклузивно на Телма, по што следуваат продолженијата од оваа политичка крими франшиза – “1993” и “1994”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!