Почетна / Телевизија / ТВ Лица / Иван Мирчевски, директорот на Канал 5 доби „Награда за мир“

Иван Мирчевски, директорот на Канал 5 доби „Награда за мир“

Федерацијата на меѓународни родови и човекови права, основана од амбасадорката на Крaлскиот дипломатски клуб на Обединетите нации, д-р Амена Али, му ја додели годишната „награда за мир“ на директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски.

Мирчевски е победник за 2022 година во категоријата – „ Награда за пријателство и добра волја“, за номинацијата „Гласноговорник и глобалист на големиот меѓународен хуманитаризам и служба“.

Федерацијата на меѓународни родови и човекови права, е активна ширум светот со голем број програми за помош на луѓето, без разлика на полот, расата и идентитететот.

Мирчевски, заблагодарувајќи се за наградата, преку социјалните мрежи порача дека ќе продолжи да биде гласот на тие што немаат доволна видливост.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивно интервју на Боки 13 во подкастот на Стефан Лазаров

Падна договор за најексклузивниот подкаст во историјата на Македонија – 22.04.2024! 🇲🇰 За првпат после …

error: Содржината е заштитена!