Почетна / Забава / Изложбата „Метаморфоза“ на Бојан Ковски се отвора во МКЦ

Изложбата „Метаморфоза“ на Бојан Ковски се отвора во МКЦ

На 10 декември 2021, од 20:00 часот, во МКЦ, е отворањето на изложбата на уметникот Бојан Ковски, кој прославува 5 години од почетокот на неговото творештво во оваа гранка од уметноста.

Изложбата со наслов Метаморфоза, има за цел да ја прикаже психата на луѓето и како секоја промена ги прави различни од она што биле во минатото, што би било доколку секоја наша промена и самата се отсликува на нашето тело? Ова е прашањето со кое уметникот си го поставува на себеси при изработката на делата за оваа изложба.


Целта на изложбата е да поткине од посетителите да се замислат и запрашаат како они самите се менуваат и што ги поттикнува и што би сакале да постанат. Воедно како прва изложба од овој тип во нашата држава да го посочи вниманието на нашето општество кон оваа гранка од уметноста.

Дијана Томиќ Радевски, кураторка на изложбата вели: „Метаморфозата е биолошки процес низ кој поминуваат некои животни, особено инсекти и при тоа го менуваат однесувањето. Сите ја знаеме трансформацијата од ларва кон пеперутка и тој процес е бавен се додека не заврши сопственото оформување до зрелост за полет низ животот. Човековите метаморфози често се случуваат во сонот, но стануваат и желба за стварност, па така, низ само-конструкција се испреплетуваат во конечна слика на плуралното либидо. “

На изложбата ќе бидат презентирани 10 платна со body-art и две живи скулптури – изработени во соработка со 9 фотографи и 10 модели. За време на изложбата ќе има DJ-сет од Мартина Пенева. Воедно на отворањето ќе биде претставен новиот веб-сајт www.kovski.art, кој дента ќе биде пуштен во употреба, а на истиот ќе биде прикачен и каталогот од самата изложба.

На промоцијата ќе присуствуваат моделите од проектот (Ана Ежова, Каљтрина Круезиу Балаш, Харис Салкоски, Марија Лазарова, Ана Стојановска, Ангела Стојановска, Жарко Донински, Никола Коцев, Гоце Маротов, и Ендру Кук) и фотографите (Мартин Јанчевски, Бојан Стоилковски, Ани Дими, Дарио Јанковиќ, Александар Вржалски, Зоран Зонде Стојановски, Стефан Рајхл, Антонио Станковски, Ирина Крстевска) од проектот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

error: Содржината е заштитена!