2 јануари е неработен ден, па од таа причина програмската шема на телевизија Телма нема да биде стандардна. Имено, дневните емисии како утринската, емисијата за здравје, контактната и дебатната нема да се прикажуваат во понеделник, а во своите стандардни термини продолжуваат веќе од вторник, 3 јануари.
Освен секојдневните емисии, на 2 јануари на Телма во дневните термини нема да има нови продолженија од мексиканските хит новели “Ти го давам животот” и “Ако нè остават”.
Со нови епизоди, овие серии продолжувааат веќе од вторник, кога започнува и втората сезона од српската крими серија “Државен службеник” во ударен термин од 20.20 часот.
Дани | ТВ Пакет