По повод 50 години од основањето на Театар „Чекори” и 80 годишнината од раѓањето на основачот Боре Ангеловски, на 25 февруари (недела) со почеток од 20 часот во Домот на култура „Димитар Влахов” – Автокоманда, премиерно ќе биде изведена претставата „End&Start game” по делото „Крај на играта” од Семјуел Бекет, во режија на Снежана Коневски – Руси.
Улогите ги толкуваат: Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Маја Ѓурчевска и Никола Димевски.
Картите ќе можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата по цена од 250 денари.
Дани | ТВ Пакет