На вчерашен ден пред точно 18 години, неуморното трио К-15 го сними првиот скеч. Веќе полнолетното трио составено од Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки, најавува нови епизоди во неодамнешното интервју по повод 18-годишнината од постоењето.
На македонските телевизии се актуелни уште од 1994. година, со текот на годините беа дел од повеќе телевизиски куќи како што се МТВ 1, Сител, А1, Алфа, и К-15. Тројцата ликови решиле да создадат единствена работна можност за себе – неделно хумористично шоу кое не само што ќе им обезбеди месечна плата туку и ќе ги забавува сите оние кои живеат, знаат, или имале искуство со социјалната и културната ситуација во Македонија. Првата епизода била емитувана на 23. ноември во 1994. година на А1 телевизија.
Нека им се множат!
Ивана Таневска | ТВ Пакет