Младиот турски глумец Џанер Шагин во новата драма на телевизија Сител го толкува ликот на Кадир, вонбрачниот син на Кемал.
Бесен на својот татко кој води двоен живот на две различни страни со две различни семејства, младиот Кадир ќе се бори за наследството кое го очекува, а дали ќе успее во таа борба, гледаме од понеделник до петок на Сител во 21.20 часот, веднаш по семејната комедија “Мојот вујко”.
Но, приватно Кадир е сосема поинаков. Не постои таа агонија и нервоза, а пред дебито во “Двоен живот”, живеел сосема повлечен и скромен живот. Дури и не знаел како да ги освои девојките, кои сега не го оставаат на мира.
– Знам дека се зборува за мене многу на друштвените мрежи, но порано, за време на школските денови не бев дечко кој им се допаѓаше на девојките. Во средно училиште немав ни девојка. Првата љубов дојде на факултет, и ете, уште трае. Ме привлекуваат паметни и креативни жени, тоа се мојата слаба точка – открива актерот.
Дани | ТВ Пакет