Ексклузивно на Сител телевизија стартува уште една безвременска приказна која на малите екрани ќе ги врати вашите омилени јунаци Онур и Шехерезад. Актерите кои се прославија со легендарните улоги од “1001 ноќ” овојпат повторно заедно во нова приказна исполнета со љубов, војни и завери. Во продолжение прочитајте ја содржината на “Далеку од дома” и следете ја сторијата од понеделник до петок во 20.40 часот :
Капетан Џевдет е храбар војник, гордост на својата татковина. Тој е истовремено сопруг, бескрајно вљубен во својата сопруга, балканската убавица Азизе, но и грижлив татко на своите деца и добар син на својата мајка. За време на балканските војни, испратен е во Солун да служи на одбрана на татковината. Ако некој би го прашал дали радо би избрал одданост на родната земја или сопствениот живот, лесно би добил одговор. Но, доколку соборците и пријатели го прашаат дали татковината би ја ставил пред фамилијата, лесно не би добиле одговор.
Откако Џевдeт ќе замине далеку од дома да се бори на фронтот, за Азизе започнува тежок период во кој на сопствените плеќи ќе мора да ги носи и сопствениот, но и животите на свекрвата и своите три деца – Хилал, Јилдиз и Али Кемал.
За време на војната, Азизе ќе биде само мајка која ќе прави сѐ за да ги изведе децата на вистинскиот пат, а животот од корен ќе ѝ се промени откако ќе ја чуе трагичната вест. Џевдeт на бојното поле го дал животот за татковината. Несреќната вест ќе го распарчи нејзиното срце, но грижата за семејството е она што ќе мора да ја води понатаму.
Неколку години подоцна, Јилдиз станува убава млада девојка со високи цели за богато да се омажи, за Хилал смислата е во љубовта кон родното место и политичкиот ангажман, а Али Кемал е поразличен од неговите сестри. Тој е младич кој бесцелно лута, живејќи со љубовни болки и тажната вистина за себеси која во меѓувреме ја спознава.
Тешка финансиска криза следува за Азизе и нејзините деца, чиј единствен излез е Тевтик, пријател на Џевдeт од детството кој сака да се ожени со Азизе и кој всушност го предал нејзиниот сопруг во војната. Додека Азизе се обидува да излезе на крај со проблемите на своите деца и себеси, семејството го потресува и веста дека Грците го окупираат Измир.
Таа окупација, потполно неочекувано, ќе им ја врати личноста која ја сметаа за секогаш загубена. Ќе се врати нивниот татко и сопруг, Џевдeт, додека нивната татковина како феникс ќе се издигнува од пепелта.
Дани | ТВ Пакет