Почетна / Телевизија / Канал 5 е добитник на меѓународната награда „Книги за мир“ 2022

Канал 5 е добитник на меѓународната награда „Книги за мир“ 2022

Канал 5 Телевизија е добитник на меѓународната награда „Книги за мир“ 2022, чие доделување ќе се одржи во Рим на 25 октомври. Наградата се доделува на компании и поединци за особен придонес во унапредувањето на мигрантската политика. „Мигранти: Културни и човекови права за универзална Европа преку инклузија, раст и развој“ е насловена годинешната награда.

Наградата „Книги за мир“, што се одржува шеста година по ред, е посветена на децата – мигранти. Во образложението на наградата се вели дека децата на имигрантите заслужуваат да бидат дел од општеството зашто се попосветени во постигнување на академски резултати, како и придонесуваат за намалување на одбојноста кон мигрантите и етничката дискриминација.

„Затоа да направиме децата на мигрантите да станат извор и пример за вклученост во европското општество, а не пречка “, се вели во објаснувањето.

На доделувањето на наградата во Рим ќе се обратат Др. Матео Бифони, делагат на ANCI за имиграциски и интегративни политики, Др. Кјара Кардолети, претставник на УНХЦР за Италија, Проф. Валерио де Цесарис, ректор на Универзитетот во Перуџа, како и голем број преставници на италијански и европски институции, кои се вклучени во грижата за мигрантите.

ТВ Пакет честита до телевизија Канал 5 за добиената награда.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

error: Содржината е заштитена!