Никогаш не било полесно да се стигне до другата страна на светот. Но, дали летајќи со авион, заборавивме како да патуваме?
Пет двојки авантуристи учествуваат во легендарна трка што ќе ги однесе низ многу земји, меѓу кои и нашата Македонија. Сепак, не е толку едноставно – паровите не смеат да летаат со авион, мора да ги остават своите телефони и платежни картички и немаат пристап до интернет.
Обезбедени само со парична сума еднаква на авионските билети од почетната до крајната дестинација, тие мораат да најдат иновативни начини да управуваат со нивниот буџет и да стигнат до целта.
Ако останат без пари, мора да ги заработат за да продолжат. Двојките мора да поминат и низ голем број контролни пунктови на ова епско патување.
Како ќе се снајдат овие луѓе на пат низ светот, гледаме секоја сабота и недела во 16.45 часот на Канал 5 во британското реално шоу на BBC – “Race across the world”.
Дани | ТВ Пакет