Репризно ова лето – турски серии на Канал 5 телевизија.
Од понеделник до петок во 21.45 часот ќе се репризира тинејџерската драма “За семејството”, која лани беше прекината на средина од третата сезона.
А за време на викенд следуваат уште репризи на турски серии.
Согласно програмската шема, во недела по централните вести ќе се репризира докторската “Ритамот на срцето”, а во недела навечер “Татко”.
Сите овие серии беа изминатата година емитувани на истата фреквенција.
За споредба, Сител телевизија емитува исклучиво премиерни турски серии за својата публика како и сите големи телевизии од регионот (Пинк, Пинк М, Пинк БХ, Нова М, Нова БХ, Нова, Диема фемили, Хајат, ОБН, Вјести, Хепи, Прва српска тв итн).
Дани | ТВ Пакет