И профилите на социјалните мрежи на Каролина осамнаа во црно. Македонската пејачка Каролина Гочева изрази длабоко сочувство до семејството на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше убиена минатиот понеделник.
„Тежок и тажен ден… почивај во мир мила Вања, длабоко сочувство до семејството. Искрено сочувство и до семејството на господинот Панче од Велес.
Голема, голема трагедија…“, напиша Гочева на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Инаку вчера требаше да биде промовирана најновата песна на ѕвездата отпеана на српски јазик, но поради трагедијата, промоцијата се пролонгира.
Дани | ТВ Пакет