Гледачите на турските серии се на чекор од опростување со емотивната љубовна сага “Ќерката на амбасадорот”, чија последна епизода ќе се емитува во понеделник во 23 часот, веднаш по ексклузивната епизода на вашето најомилено “Забрането јаболко”.
Приказната за Санџар и Мави доаѓа до големиот крај.
Мави успеа да се спаси од психопатот кој сакаше да им наштети на нејзиното бебе и малата Мелек.
Сè се чини убаво за крајот на приказната, но дали неочекуван играч ќе го има завршниот потег и ќе ја одреди судбината на ликовите?
Ќе се појави ли ќерката на амбасадорот во последните сцени на задоволство на гледачите, но на изненадување на Санџар?
Гледајте во понеделник на Канал 5 и дознајте какво финале приредува “Ќерката на амбасадорот”.
Дани | ТВ Пакет