Почетна / Сапуници / Шверцот во „На граница“ ќе се разоткрива секој викенд на пладне

Шверцот во „На граница“ ќе се разоткрива секој викенд на пладне

Секоја сабота и недела во 12 часот на Сител телевизија ја следите новата хрватска комедија “На граница”. Во серијата се запознавме со Петра, млада девојка која доаѓа во едно село кај својата баба и сака да го превземе бизнисот со шверц. Но ќе успее ли во тоа Петра или треба уште многу фурни леб да изеде ? Ја привлекуваат и Крешо, кој е дел од шверцерската банда, но и Марко полицаецот, кој ќе биде ставен на тест – да ја разоткрие Петра и шверцот со тутун или да молчи затоа што е вљубен во неа.

Бабата на Петра е Зора, која сака да ја научи внуката на големите тајни од валканиот бизнис.

Андрија е маж на Мира и зет на Зорка, има три ќерки и само прави глупости со кои го загрозува бизнисот кој сега е ставен на пауза. Лидија е средната ќерка на Андрија и е заљубена во Јуре (синот на босанскиот партнер во бизнисот Недељко), а Ивана е најмалата ќерка на Андрија и е заљубена во свештеникот.

Томо е полицаецот кој е сигурен дека Зорка шверца и сака да ја открие, но секогаш излегува дека не е во право. Ќе успеат ли селаните во идните планови со шверцот или нешто сосема неочекувано ќе го разоткрие црниот бизнис? Следете ја “На граница”, новата хрватска хит комедија на Сител секој викенд околу пладне.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!