На Неслихан Атагул ѝ е дијагностициран сериозен здравствен проблем.
Турската актерка, која стекна слава со улогите во сериите „Кога лисјата паѓаат“ (А1), „Рането срце“ (Алфа) и „Кареасевда“ (Сител), страда од таканаречениот синдром на “нервозни црева”. Првиот симптом што и пречеше на убавицата и за кој побара лекарска помош беше опасно брзото слабеење.
Болеста на Неслихан и нејзиното лекување ќе бараат привремено прекинување на нејзините професионални активности. Веднаш по дијагнозата, Атагул зеде 10-дневно боледување и нема да глуми во драмата „Ќерката на амбасадорот“, која секоја вечер ја следите на Канал 5.
Сепак, актерката нема да ја напушти серијата. Сценариото ќе претрпи мали измени и само неколку епизоди нема да се појавува ќерката на амбасадорот.
Дани | ТВ Пакет