Во следната седмица на Алфа, ќе следиме микс на европски драми со американски комедии. Во продолжение погледнете ги насловите за филмовите кои ќе се емитуваат по полноќ на оваа фреквенција :
недела (17 мај 2020) – “Последниот волк” (2015)
Филм во кинеско француска копродукција и базиран на позната кинеска автобиографија од 2004та година. “Wolf totem” има освоено награди за најдобра режија и актер на интернационалниот филмски фестивал Beijing, како и на Golden Rooster Awards и Macau International Movie Festival.
Дејството се одвива во Кина, 1967 година, време кога едукативната програма на владата испраќа студенти од урбани во рурални средини како би го подучувале тамошното население. Во Монголија, младиот Чен ќе има можност да се запознае со средината, културата на жителите и нивната чудна и нераксинлива врска која ја имаат со волците. Она што се заканува во тој регион е најавата дека владата сака да го истреби тој животински вид, па затоа Чен ќе тргне во опасна авантура сакајќи да ги спаси волците од убивање.
понеделник (18 мај 2020) – “Трчај момче, трчај” (2013)
Германско-полска продукција за една вистинита приказна од Втората светска војна.
Драмата ја раскажува неверојатната вистинита приказна за едно деветгодишно момче од Полска кое бега од варшавското гето и бара добрина кај другите луѓе во неговата борба да ја преживее нацистичката окупација.
вторник и среда (19 мај 2020) – “Шпанска афера” (2014)
“Ocho apellidos vascos” на Емилио Мартинез Лазаро е љубовна приказна во два дела која ќе ве насмее и разнежни.
Рафаел, од Севиља, никогаш не ја напуштил Андалузија, но решава да замине заради љубовта кон Амаиа, девојка од Баскија, која се разликува од сите дотогшни жени кои ги запознал. Љубовта кон таа девојка ќе го натера да ги премине сопсѕтвените граници и да се стави на тестот на своето бунтовно срце.
Во вториот дел од комедијата, повторно следуваат проблеми во врската на Амаја и Рафе. Родителите на Ама се вознемирени, кога дознаваат дека нивната ќерка се вљубила повторно, откако раскинала со Рафа. Новиот избраник е Каталонецот Пау. Иако оваа врска ја смета за „грев”, таткото рашава да ја премине границата со Баскија и да оди во Севилја за да го убеди својот поранешен зет да оди во Каталонија и да ја врати Амаја преку откуп.
Тој мора да биде толку голем за да Амаја посака веднаш да го напушти Пау. Ако дејството на првиот дел се одвиваше во Баскија, во вториот дел случувањата се сместени во Каталонија, и на хумористичен начин го прикажува судирот на две култури.
четврток (21 мај 2020) – “Сестрите на младоженецот” (2017)
На Џејсон му треба придружба за свадбата на брат му со оглед дека неговите сестри му досадуваат и му “местат” девојка.
За да го избегне тоа, Џејсон ќе понуди еден интересен предлог на Сара, девојката која го поготвува кетерингот за венчавката. Љубовна комедија на Алфа по полноќ.
петок (22 мај 2020) – “Доцен цут” (2016)
Љубовна приказна за еден секс терапевт и неговата сосетка. Како Питер и Мишел ќе се погодат во врската, гледаме овој петок.