Од 23 до 27 јули во паркот на Младински културен центар (МКЦ) ќе има бесплатни филмски вечери. Ова е прво издание од Кино на трева, каде ќе бидат емитувани пет филмови, секоја вечер по еден.
„Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, на вас останува да си обезбедите место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули, која ќе започне по полноќ“, велат од МКЦ.
Денес игра „Студена војна“ на Павел Павликовски, утре е „Догмен“ на Матео Гароне, во четврток е „Лоро“ на Паоло Сорентино, во петок „Ослободување на Скопје“ на Данило и Раде Шербеџија, а програмата завршува во сабота со „Граница“ на Али Абаси.
Дани | ТВ Пакет