Почетна / Забава / Евровизија / Кој е Виктор – македонскиот супермен во борба за победа на Евровизија

Кој е Виктор – македонскиот супермен во борба за победа на Евровизија

Виктор потекнува од музичко семејство. Неговите татко и дедо се занимавале со музика, неговата мајка поседувала талент за пеење, иако никогаш не го искористила професионално, а неговиот брат бил државен шампион во латино-американски и стандардни танци.

Покрај школските активности, како дете тренирал кошарка и пливање 10 години. Со кошаркарскиот тим биле државни шампиони два пати, а исто така имал бројни медали во пливање, вклучувајќи 6 златни, 8 сребрени и 3 бронзени.

Покрај редовното училиште, посетувал и нижо музичко училиште, насока клавир, а на 14 години се запишал во средното музичко училиште во Битола, отсек оперско пеење. Паралелно глумел во театарот во Битола, во повеќе претстави меѓу кои: Виолина на покривот, Хераклеа и Ликиниј, Зет за Христина и многу други.

По завршување на средното образование, продолжил да студира оперско пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Виктор имал освоено две први места на државни натпревари по солфеж, и две трети места во државни натпревари по оперско пеење. Со хорот во кој пеел, освоиле две гран при на меѓународен хорски натпревар во Полска во 2010 и 2012. Исто така имал освоено втора награда на меѓународниот фестивал за поп музика, Мелфест 2008.

Виктор на пошироката јавност стана познат по учеството во Македонски идол, каде што заврши во топ 4, и беше еден од фаворитите на публиката која во неверојатно огромен број го следеше најгледаното телевизиско шоу на најголемата телевизиска империја А1.

Славата на Виктор допрва доаѓа затоа што младиот Битолчанец е на пат да ја претставува Македонија на Евровизија. Доколку сакате Виктор да биде победникот, гласајте на следниов линк и поддржете го на патот до успехот !

Македонијо, гласај со клик и глас —>>>  ТУКА.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

error: Содржината е заштитена!