Аба, Селин Дион, Лорин, Клиф Ричард, Хулио Иглезијас, Манескин дел од имињата кои учествувале на Евровизија, а се светски познати, дел од нив и победници.
Евровизија особено во денешно време има големо влијание и врз учесниците од помалите земји бидејќи многу од нив може да се пофалат со милионски прегледи на Уоutube или стримувања на Spotify. Многу од нив стануваат вирални на платформата TikTok.
Пример се и учесниците од Словенија во 2023, Joker Out кои пред Евровизија имаа само популарност во нивната земја. По Евровизија, тие имаа концерти во 16 земји во Европа, милионски прегледи на Уoutube, на нивната песна, но и на другите песни кои претходно ги издале. Песната Carpe diem која во финалето на Евровизија за жал заврши на 21 место и сите беа незадоволни има повеќе од 23 милиони стримувања на Spotify. Роса Лин од Ерменија со песната Snap стана мегапопуларна со над 142 милиони стримувања на Spotify иако во финалето заврши на 22 место во 2022 година. Констракта од Србија во 2022 беше петта во финалето, но има над 12 милиони стримувања, но стана и вирална на социјалните мрежи.
Baby Lasagna од Хрватска кој не успеа да победи оваа година, до пред Евровизија не бил познат ни во сопствената земја, сега има над 47 милиони стримувања, а новата песна Biggie Boom Boom за само два дена има скоро пола милион прегледи на Уoutube.
Getter Jani која настапи за Естонија во 2011 година со Rockefeller street и заврши претпоследна во финалето, во 2019 година, осум години подоцна станува вирална на TikTok и интернет феномен во Азија, досега има над 71 милион стримувања, а во февруари 2019 година песната се појавува и во најпознатото американско ток шоу, The tonight show with Jimmy Fallon. Композиторот на песната Свен Ломус истакнува дека исплатата на авторските права не била најважна за него, туку тоа што релативно непозната песна од малата Естонија, станала феномен во светската поп култура.
Навистина би сакале и ние со нашето учество, нашите учесници некогаш да забележат вакви резултати и да станат поп феномени или интернет сензации.
Нашата Тамара со Proud може да се пофали со 5 милиони стримувања и веруваме дека имаме многу што да понудиме на музичката сцена, но само ако МРТ реши да се врати на Евровизија и да им овозможи на нашите музичари да се претстават на најголемата музичка сцена и со тоа многумина да се запознаат со македонската музика и нашите учесници кои исто така би имале корист од настапот на Евровизија.
Дани | ТВ Пакет