Почетна / Серии / Комедијата „The Bear“ – добитничка на 6 статуетки на наградите Еми

Комедијата „The Bear“ – добитничка на 6 статуетки на наградите Еми

Сериите „Наследници“ и „Мечката“ се големите победници на церемонијата на доделувањето на Еми наградите во Лос Анџелес, со по шест награди.

Додека „Наследници“ доминираше во категориите за драмска серија, „The Bear“ освои 6 награди во категоријата хумористична серија, додека „Кавга“ во продукција на Нетлфикс доминираше во категоријата на кратки серии.

„The Bear“ освен што ја освои наградата за најдобра хумористична серија, доби и три актерски награди. Џереми Ален Вајт ја доби наградата за најдобар главен актер во хумористична серија, а Ајо Едебири и Ебон Мос-Бахрач за најдобра споредна женска улога и најдобар спореден актер во хумористична серија.

Награда за најдобра актерка во хумористична серија е Квинта Брансон за „Основото Абот“. Актерката Џенифер Кулиџ доби награда „Еми“ за најдобра женска споредна улога во хумористична серија за улогата во „Белиот лотос“.

Сер Елтон Џон ја доби својата прватa награда „Еми“ за „Елтон Џон во живо: Збогум од стадионот ‘Доџер’“, со што стана „ЕГОТ“ , односно е добитник на наградите Еми, Греми, Оскар и Тони.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!