Почетна / Серии / Комичната серија „Епизоди“ по втор пат репризно на Телма

Комичната серија „Епизоди“ по втор пат репризно на Телма

Ако досега пракса беше во лето да одат репризни серии на Телма, од сега гледаме репризи и во текот на сезоната. “Епизоди” e хумористична серија во 41 продолжение која на Телма ќе се репризира од понеделник до петок во 17:30 часот, на местото на “Чувари на плажата”.

Во серијата се запознаваме со Шон и Беверли, среќен британски брачен пар кои се успешни творци на британски хит серии. Се чини дека нивниот живот е исполнет, сѐ до моментот кога исклучително моќен и харизматичен сопственик на една американска ТВ куќа не ги убеди да се преселат во Лос Анџелес како би снимале американска верзија на нивната серија. Но, откако Шон и Беверли ќе пристигнат во ЛА, гледаат дека работите не се такви какви што они ги замислуваа.

Се испоставува дека човекот никогаш не ја видел нивната серија и во новиот ТВ проект бара од нив да го променат главниот актер со школованиот комичар Мет Ле Бланк. Двајцата сопружници се згрозени затоа што од нив се бара улогата на мудар и речит директор на елитен интернат за деца да му припадне на Мет, ѕвездата на “Пријатели” и “Џои”.

Влегувањето на Мет во серијата не само што ќе влијае на професионалната кариера на Шон и Беверли, туку ќе го разниша и нивниот брак.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!