За жал првичната еуфорија и антиципираниот опортунистички момент да се појави во мојата емисија, наеднаш спласнаа кај „војводата„

Не сакам ниту да помислам кои се неговите инстиктивни причини за ескивирање па се однесува небаре се облекол во Canali а потоа како да сфатил дека отворил погрешна порта, не онаа порта која води во објект каде се свири „Минаха години“.

Претпоставувам затоа и ја изусти онаа крајно банална кидавелска фраза – Да оставиме за другпат…а другпат значи само едно – никогаш, а можеби и не?

Да немате дилеми, доколку Георгиевски го промени својот став се охрабри и излезе од друштвото на бегачите : Димитар Апасиев, Димитар Ковачевски, Исмет Рамадани, Чупеска, на мојата среќа ќе и нема крај за да седне спроти мене во студиото на „На кавга со Иван“

„Храброста е заразна. Кога храбар човек зазема став, кичмите на другите често се вкочануваат“ – Хегел

Иван С. Мирчевски”