После британската, југословенската музика до 1990 година беше најдобра, највозбудлива и најкреативна музика во Европа. Во тој квалитет, не само до 1990 туку и до ден денес, по многу критериуми двои Јосипа Лисац… и секако, нејзиниот величествен албум “Дневник једне љубави”, кој според сите анкети се наоѓа во топ 10 најголеми регионални албуми на сите времиња.
Големо задоволство за Авалон продукција е да најават дека Госпоѓа Лисац ќе го одржи ветувањето дадено во Лисински, кога беше гостинка наконцертот на Diana Krall во Загреб… дека, иако се’ поретко настапува далеку од дома, во Скопје сепак ќе се прослави 50тиот јубилеј од “Дневник једне љубави” и ќе се отпеат сите нејзини големи песни.
Влезниците се пуштени во продажбаонлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx по цена од 1.990 денари.
Дани | ТВ Пакет