Почетна / Забава / Концерт на Наташа Беквалац во сабота на 1 јуни во Скопје

Концерт на Наташа Беквалац во сабота на 1 јуни во Скопје

Наташа Беквалац, викендов со свој мини концерт ќе ја забавува македонската публика. Во најдобриот летен клуб Централ Парк, во сабота на 1 јуни, новосадската барбика со целовечерен концерт пред одбрана публика ќе потсети зошто со години наназад е една од најбараните музички ѕвезди во регионот.

Цената на влезниците е 300 денари и истите можете да ги обезбедите на влезот на летниот клуб Централ Парк.

Беквалац по семејната драма со поранешниот сопруг Лука Лазукиќ, извесен период беше во медиумска илегала. По раѓањето на нејзиното второ дете, ќерката Катја, Наташа беше жртва на насилство од страна на нејзиниот тогашен сопруг Лазукиќ. По овој инцидент, кој што неколку недели беше на насловните страници во регионалните медиуми, Беквалац се повлече од јавноста.

Ова е прв нејзин настап на македонска територија по семејната бура која што ја остави зад себе. Во Скопје доаѓа со целосно нова енергија и желба за летен спектакл. „Мала плава“, „Непријател“, „Оригинал“, „Најгора“…ова се само дел од хитовите со милионски прегледи на Youtube со кои што Наташа Белвалац и официјално ќе ја отвори најдобрата летна сезона на Централ Парк досега.

„По Џенан Лончаревиќ, Наташа Беквалац е нашето ново изненадување за оние кои што топлите скопски ноќи ги минуваат во нашиот клуб. Следуваат уште многу атрактивни имиња од српската но и од македонската естрада. Ова лето ќе се потрудиме Централ Парк да биде најпосакуваната летна локација на скопјани но и на сите останати кои што доаѓаат во главниот град“ – велат од летниот клуб Централ Парк.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!