Почетна / Забава / Концерт на Теа Таировиќ на 11 јули под отворено небо во Битола

Концерт на Теа Таировиќ на 11 јули под отворено небо во Битола

По преполните арени и спектакуларните настапи низ балканските метрополи, музичката сензација Теа Таировиќ ќе одржи голем концерт во Битола на 11 јули, на познатото ракометно игралиште под отворено небо.

Овој концерт доаѓа по низата триумфални концерти низ Скопје, Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица и други балкански градови, каде Теа ја покажа својата уметничка и сценска зрелост.

Концертот во Битола доаѓа како потврда на магичната врска меѓу Теа и битолската публика, врска која се роди и зацврсти со нејзиниот прв концерт, а сега добива нова, уште поимпресивна димензија. Интересот и енергијата кои ги донесе нејзиниот прв концерт сè уште се тема на разговор во градот, а нејзиното враќање е дочекано со неизмерна возбуда.

Секој нејзин концерт е повеќе од музички настан, тоа е аудиовизуелно искуство што остава трага. Со одлична продукција, сценски ефекти и сет листа која ги вклучува најголемите хитови и најновите песни, концертот на 11 јули ќе понуди сосема ново ниво на музичка магија.

Теа Таировиќ се враќа таму каде што беше дочекана со најсилни аплаузи, во Битола. На 11 јули, градот повторно ќе пулсира во ритамот на нејзините хитови. Овој концерт ќе биде уште една потврда дека Битола и Теа се приказна што продолжува, посилна, погласна и повозбудлива од кога било.

Влезниците се веќе пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Brothers Tobacco на Широк сокак.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Без зборови“ – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија

Концертот „Без зборови“ на оркестарот на Македонската филхармонија кој ќе се одржи в четврток, со …

error: Содржината е заштитена!