Во организација на македонското здружение „Љубители на класичната музика“, во мај се одржа свечен концерт по повод меѓународниот проект „6 Мај – Светски ден на хармониката“ во НУ Филхармонија. Во 2009 година, Светската унија на хармоникашите донесе одлука 6 Мај да го прогласи за Ден на хармониката, бидејќи на тој датум во 1829 година е патентирана првата хармоника.
Оваа манифестација за првпат беше предложена и организирана по повод 180-от роденден на хармониката. Почнувајќи од 2011 година, свечениот концерт по повод 6 Мај е финансиски поддржан од Министерството за култура, како проект од национален интерес.
Композиции од Семјонов, Золотарјов, Зубицки, Моцарт, Пјацола, Бете Илин и други ќе може да слушнете за големиот празник Илинден на ТВ 24 во 15.45 часот.
Како и секоја година, така и оваа беше изведено дело од македонски композитор. Претседателот на Светската унија на хармоникашите, г. Мирко Патарини од Италија, премиерно изведе дело од македонската композиторка Бете Илин, насловено „Дафино“, a инспирирано од прекрасната македонска народна песна „Дафино вино црвено“.
Дани | ТВ Пакет